Избори 2020

Ахмети: Заев претера, претера многу

Во интервју за Топ Тема лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека лидерот на СДСМ Зоран Заев претерал со провокациите кон ДУИ.

Точно е тоа дека јас ги почитувам многу коалициските партнерите. Ги почитувам сите оние колеги, политичари, пратеници со кои што комуницирам секојдневно. Но г-динот Заев претера, претера многу. Го чекав еден ден, два дена, три дена, дури му пратив и пораки. Значи, не е чесно тоа, бидејќи бевме партнери, решивме заеднички проблеми. Tој претера а јас му оставив три – четири дена простор и секако требаше да реагираме за да добиеме одговор. И сега сум спремен и јас да говорам јавно, нема да говорам за сите работи, но сепак ќе зборувам јавно доколку продолжат таквите провокации. Со сите партнери секогаш сме се соочувале со добри и лоши ситуации, но јас никогаш не говорам за тие ситуации, изјави Ахмети во интервју за Топ Тема.

Сепак тој не ја исклучува можноста за коалицирање со СДСМ.

Тоа што сум го рекол еднаш, ќе го кажам и два пати и три пати. Ова го кажувам и во Вашата емисија, најдобро е да победи актуелниот партнер без оглед на неговите јавни изјави дека сака ДУИ да биде во опозиција. Но, нема подобар избор од ДУИ за државата. Постабилен и поспремен партнер од ДУИ нема за продолжување на битните процеси. Но на крај, секако одлучуваат граѓаните. Не сум јас тој кој што ќе утврди кој ќе биде победникот, рече Ахмети.

Тој изрази разочарување од македонските политичари за, како што вели, паниката и стравот од идејата за премиер Албанец.

Прават математики, ќе ви дадам 13, ќе ми дадете 6 пратеници. Ова беше малку иритирачки за мене од страна на македонските колеги, и посакувам во иднина да не се случуваат вакви работи, бидејќи ние не бараме нешто повеќе. Ние сакаме да бидеме дел од натпреварот и да се оцени, изјави Ахмети во интервјуто за Топ Тема.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе