Избори 2020

Левица отвори канцеларија на локалниот огранок во Гевгелија

Задоволни сме од одѕивот на граѓаните кои одлично не примаат и покрај отежнатите услови на кампањата поради здравствената криза, нагласи вечерва во Гевгелија носителот на кандидатската листа во ИЕ 4, Бранко Ристов, за време на отворањето на канцеларијата на локалниот огранок на партијата.

– Мислам дека народот конечно е подготвен да го скрши овој бипартизам кој што триесет години не тоне се подлабоко во дупката и конечно да почнеме да создаваме функционална држава, рече Ристов.

Откако „Левица“ ќе влезе во парламентот, носителот на кандидатската листа во ИЕ 4, на гевгеличани им вети дека партијата ќе се залага за бесплатно здравство и високо образование, за укинување на извршителите, за воведување систем на надворешна контрола на МВР, за носење Закон за потекло на имот, скратено работно време од осум на шест часа и за поништување на Преспанскиот договор и двојазичноста.

Тој ги повика гевгеличани без двоумење да го заокружат бројот 4 на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе