Ковид19 Свет Топ вести

Вонредна состојба прогласена во српските градови Крагуевац, Врање и Нови Пазар

Отворените граници кон Србија и Косово се погодија со тамошното нагло зголемување на бројот на заболени.

Првиот град во Србија после границата, Врање е во нова вонредна состојба откако се откриени 17 нови случаи во 50 тестирања.

Починат е 44 годишен спортски работник од Врање.

Изминатиот викенд се регистрирани 60 нови заболени во градот, а точната бројка не е позната затоа што не се објавуваат детални информации.

Покрај Врање вонредна состојба е прогласена и во Крагуевац, но и во Нови Пазар кој стана огромно жариште, а локалните власти од областа населена претежно со Бошњаци бара итна помош од централните власти во Белград.

Од локалните здравствени власти во областа на Нови Пазар за српските медиуми изјавиле дека не се знае точниот број на заболени и починати, бидејќи разликата меѓу официјално соопштените податоци и вистинската ситуација е голема. Трагедија се случи и во градот Тутин, блиску до Нови Пазар каде утрово е регистрирана смрт на цело семејство заболени од Ковид 19.

Во Косово исто така се зголемува бројот на заболени, два дена по ред има по над 90 заболени.

Процентот на позитивни случаи од бројката на тестирања во Косово изнесува над 43 проценти, односно тестираат по околу двесте пациенти, а речиси половина се заболени.

Сообраќајот со Србија и Косово е нормализиран од 26-ти јуни кога Македонија ги отвори границите, а веќе наредниот ден над 3 илјади патници ја минаа македонско-српската граница.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе