Вести Македонија

Советот на СОНК решава дали ќе го прекине или продолжи штрајкот

Одлучувачки ден дали наставата во училиштата и згрижувањето на децата во градинките ќе се врати во нормала , по Велигденските празници.

Советот на СОНК на седница одлучува дали ќе го прекине или продолжи штрајкот по добиените одлуки од Владата.

Клучно е дали Синдикатот ќе ја прифати одлуката за пораст на платите за 10% со ребаланскот на буџетот, која до сега не беше прифатлива зашто членството бара зголемување од 18, 4% , согласно порастот на минималната.

Министерот за образование, очекува позитивен исход – СОНК да ја прифати понудата, да го прекине штрајкот и да продолжат преговорите.

Во спротивно, ќе се превземат мерки за продолжување на наставата во основните и средните училишта од вторник, што е исто така една од одлуките на Владата.

„Дел од наставниците кои беа вклучени во штрајкот, доброволно се вратени , некои знам. Можеби не се сите задоволни од тоа што е понудено од Владата, но заради интересот на децата се вратени во образовниот процес. Ќе се собираат податоци во текот на утрешниот ден за реалната ситуација. После вторник ќе видиме , иако пак кажувам дека се надевам дека ќе имаме позитивна одлука“ – изјави Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Како што дознава Телма, СОНК е гневен од владината одлука , да добијат намалени плати според законските одредби за исплата во услови на работа во штрајк. Шаќири кажа дека за цела плата членството треба да се обрати до раководството и да ја разгледаат правната основа за тоа , а ресорот ќе одговори според законските прописи.

Во врска со платите на штрајкувачите во 46 градинка низ Македонија, министерката за труд и социјална политика кажа дека тие нема да ги кршат Законот за работни односи и Колективниот договор за детска заштита.

„Во услови на штрајк работодавачот е должен да исплати придонеси на сите работници кои штрајкуваат на најниска основица за исплата на придонесите. Следниот член 241 дава можност СОНК да обезбеди исплата на нето плата за сите работници кои штрајкуваат“ – вели министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Советот на СОНК треба да се произнесе и за барањето од Владата да одговори по кој закон е прекината наставата додека трае штрајкот, но и за најавите за формирање Работна група меѓу претставници од надлежните министерства и Синдикатот,  за преговори за новиот Колективен договор и за изготвувањето  во следниве месеци на методологија и закон за континуиран пораст на платите во јавниот сектор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе