Вести Култура Македонија Топ вести

Во 33 градинки штрајкувачите во градинките се изложени на притисоци, велат од СОНК

СОНК подготвува кривични пријави и очекува јавните обвинители да ги истражат случаите за притисоци врз нивното членство од страна на директорите во 33 градинки низ државата, каде тече штрајкот веќе 4 ден.

Претседателот на СОНК, покажа копии од писма испратени од МТСП кои се без потпис и печат, со кои директорите на градинките вршат мобинг врз штрајкувачите да седат 8 часа како на работа, дека нема да добијат дневници, дека имаат пaуза од 30 минути во текот на работниот ден.

Неделков посочи и за други форми на притисок.

А, министерката за труд и социјална политика денеска кажа дека во штрајк се 45% од вработените во 50 градинки во Македонија и дека бројот на деца кои се згрижуваат расте и во услови на штрајк.

Ден по преговорите меѓу министерот за образование и СОНК, кои завршија без успех поради тоа што не им беше понуден конкретен предлог за зголемување на платите, министерот Шаќири, апелира до синдикатот да го прекине штрајкот, да продолжи наставата во интерес на учениците, а паралелено да течат преговорите со СОНК за повисоки плати на наставниците и воспитувачите. Министерот кажа дека тоа на писмено денеска ќе му го достави на синдикатот.

Од синдикатот одговорија дека сеуште не го добиле писмото и дека по добивањето ќе го испратат до синдикалните организации.

А, за евентуален позитивен одговор треба да гласаат барем 51% од членовите. СОНК очекува конкретен предлог од владата за зголемување на платите  до утре, за кој во текот на викендот ќе одлучува дали ќе запре или продолжи штрајкот во образованието и во детската заштита.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифака македонските возачки дозволи, се појави ризик иселениците да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе