Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

СДСМ: Данела Арсовска од 2011-та има бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, од 2011-та година има бугарско државјанство, обвини на денешната прес-конференција во партискиот штаб, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Таа покажа и документ, за кој тврди дека е доказ со кој се обелоденува уште една тајна за, како што ја нарече Арсовска, кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение прес-конференцијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

-На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.

Ова е документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.

Или како што изворно пишува:

„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“

Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.

Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?

За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?

Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани.

Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот?

Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.

Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.

Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?

Почитувани граѓани,

Во недела, на 31 октомври да се обединиме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје”.

Од ВМРО-ДПМНЕ се огласија по нападот врз независната кандидатка: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе