Ковид19 Македонија Топ вести

Штип во моментов го има третиот бран на Ковид-19

Граѓани се заглавени дома и се во изолација. Бројката на изолирани од вчера е зголемена за над 120 лица. Во моментов градот на текстилната индустрија со околу 7.000 работници во овој сектор е корона жариштето. Епидемиолозите и локалната власт алармираат дека секојдневните двоцифрени бројки говорат дека не само институциите да ги стават во функција сите капацитети, туку и граѓаните да дадат придонес, со почитување на мерките, но и семејните и пријателските дружби по дома или надвор да се избегнуваат. Засега не се планира затварање на градот, но одлуката за карантин ја носи Комисијата за заразни болести.

Нема фабрика или институција, каде што нема позитивен случај, со изолирање на контактите продолжува работата во нив. Останува препораката конфекциите да се затворат и вработените да одат на одмор каде има регистрирано повеќе позитивни случаи, но засега нема најава за нов масовен скрининг. Заразата во моментов доаѓа од осум конфекции.

Во Штип засега нема забележано прекршување на мерките од страна на угостителите или отварање на дискотеки, какошто беше случајот со Струмица и Прилеп.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Sonja Petrusevska

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе