Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Страв од зарази, прашања без одговор и секојдневие блокирано од голема тревога — како гостиварци да останат здрави и живи кога немаат  безбедна вода за пиење.  Водата е забранета за користење, па владее неизвесност дали оние кои во градот произведуваат храна или нудат угостителски услуги користат чиста и безбедна вода за пиење.  Различни се мислењата и икуствата на луѓето кои се соочиле со оваа дилема.

Државата забрани водата да се користи, колку верувате дека овие ресторани и кафулиња и оние што произведуваат храна се придржуваат?  

-Па сега тој е на нивна одговорност.  Сега ако имаат грижа на совест и си користат чиста вода, ако немаат. Тоа е нивно, ама мислам дека кафемативе  ги поврзуваат со вода 5 литарска како што имам гледано. Сега в кујна како мијат садови, што мијат тоа не знам ама кафе да се направи ова мислам дека може да има услови, ама за други работи мислам дека тешко.  Сега ти денеска да измиеш 200 чинии, ти треба многу вода, флаширана вода или пак да земеш да наполниш од некој бунар од од настрана од Гостивар. Мислам сега засега да се избегнуват ресторани, да се избегнуваат кафичи.*

„Тие одат по селата, овие пекарави што прават леб, полнат цистерни. Еден комшија мој зема од селото Долно Јеловце, вода, чиста вода е.“.


„Гледате ресторани и кафулиња работат како го толкувате тоа?“

„Треба законите повеќе да се почитуваат и најстроги санкции да се преземат ако сакаме правна држава, ако не е уште ни се случува. Гостивар  цела Македонија во секој град  истото ќе се случува, ако не се преземат најригорозни мерки, значи закони има не се почитуваат. Од врвот до горе, треба да има санкции.*

Претставниците на болниците, градинките и другите јавни установи тврдат дека успеваат да се справат со проблемот, со тоа што добиваат вода за пиење и користење.

„Чиста вода еве од влада и од невладини организации имаме вода сега што е донираат стално. Функционираме добро. Инфективно имавме 111 пациенти нови пациенти и во педијатрија имавме 75 нови пациенти, а во ургентен центар 12. Така е состојбата, имаме намалување на бројки на пациентите“, вели  Емри Бајрами, директор на болница Гостивар

Граѓаните и понатаму водат битки со стомачните тегоби и прават напори да обезбедат вода за пиење, кој како може и колку може.

*Прв пат денеска земав, вчера не чув, не зедов. Денеска првпат зедов. Ние сме стари луѓе и не можеме, ни кола имаме, ни ништо.Па тој дома е болен, јас дојдов да земам вода.*

Обвинтелството вчера информираше дека за 50 пати повеќе била надмината дозволена граница за присуство на бактерии во гостиварската вода за пиење.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе