Судијката Даниела Алексовска Стојановска ја пишува пресудата за Талир 2 со која го ослободи Никола Груевски и ја одби конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот застарува на 31-ви август а за да не застари треба да има првостепена пресуда од апелациониот суд.
„Првостепената пресуда за предметот, во јавноста познат како Талир 2, е во фаза на писмена изработка и истата ќе биде доставена до странките во најкраток можен рок, се со цел да има можност истата во случај на жалба, да биде преиспитана од повисокиот суд“ – одговори Кривичниот Суд.
Но за Талир 2 да стаса пред апелација потребно е обвинителството да се жали. Државниот обвинител Ненад Савески вчера рече дека ќе одлучат откако ќе го прочитаат и анализираат образложението.
Судијката изрекувајќи ја пресудата повеќе од 1 час заклучи дека ослободителната пресуда е резултат на измените на КЗ од 2023-та.
За дилемите кои се појавија во јавноста од судот упатуваат на образложението на пресудата.
Меѓу нив се наметна и прашањето – зошто нема злоупотреба со неизвршување на службената положба кај Груевски ако според обвинението тој како претседател на ВМРО – ДПМНЕ не ги вратил примените средства од Бетон и не ја надоместил разликата од вредноста на седиштето наспроти реалната вредност на земјиштето?
За тоа зошто судијката одложила судењето поради отсуство на претставник на ВМРО ДПМНЕ со оглед на тоа што во овој предмет партијата не е обвинета и присуството не е задолжително од Кривичен одговорија дека тоа се случило само еднаш затоа што требало да даде завршни зборови.
„Одлагањето следеше дотолку повеќе што за разлика од обвинетите, третото лице нема право на повторување на постапката, па во услови на постоење на предлог за конфискација на имот, судот го ценеше и правниот интерес на заинтересираната страна да даде завршен збор, особено кога покажа активен интерес во текот на целокупната постапка“ – одговараат од Кривичен .
Поранешната обвинителка Ленче Ристоска по пресудатa посочи повеке дилеми и противречности. Смета дека се потврдува нејзиното уверување дека овој предмет и е одземен за избегнување на конфискацијата на седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
Државниот обвинител Ненад Савески одговори дека Талир 2 не и бил одземен и ќе останел кај неа ако не поднела оставка.
Тој објаснуваше дека повлекувањето на овластувањето немало да има влијание врз Талир 2 затоа што и Ристоска и предметот биле во истото обвинителство.
Таа го демантираше – лично му кажала дека врз основа на Правилникот на Европравда можела да продолжи да постапува по предметите Талир 1 и 2 само со одлука на државниот обвинител и му посочила дека ако ги повлече овластувањата ќе си поднесе оставка
Елена Ивановска Мукоска
