Балкан Вести Свет Топ вести

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Сопругата на 61-годишен српски државјанин кој беше повреден откако се скрши прозорец на авион за време на лет на „Рајанер“ од Солун ги опиша моментите во кои таа, сопатник и друг патник го држеа за да не падне од авионот, објави грчката МегаТВ.

Мажот е во болница и се опоравува од повредите и шокот. Неговото име не беше објавено, но грчките медиуми ја објавија неговата фотографија. Сопругата, чие име исто така не е објавено, за грчкиот медиум раскажа што точно се случило.

„Веќе летавме 30 до 40 минути кога прозорецот одеднаш се скрши. Мојот сопруг седеше до прозорецот. Сè се случи за секунда. Прозорецот се скрши за време на летот и поради разликата во притисокот половина од неговото тело заврши надвор. Сè леташе низ кабината. Маските за кислород паднаа и никој не знаеше што да прави. Сите плачеа“, изјави неговата сопруга.

Според неа, нејзиниот сопруг прво го држеле таа и нивниот придружник, а потоа им помогнал маж што седел во следниот ред.

„Двајцата го држевме, а потоа еден господин од редот до нас се приближи и заедно го повлековме за рака, додека половина од неговото тело беше надвор од авионот. Безбедносниот појас, исто така, помогна да се спаси“, рече таа.

По инцидентот, авионот го сменил курсот и безбедно слетал во Солун, на аеродромот „Македонија“, а патниците биле евакуирани. Повредениот 61-годишен маж и луѓето што му помогнале биле префрлени во болница. Тамшошните медиуми додаваат дека за време на спуштањето на авионот, дел од оштетениот мотор наводно се одвоил и удрил во прозорецот на кабината. Истрагата за настанот е во тек.

Патник од Србија за малку ќе излеташе низ прозорецот среде лет со авион на Рајанер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе