Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека со различни барања и образложенија го блокираат донесувањето на Изборниот законик, тврдејќи дека заеднички мотив им се ниските рејтинзи и стравот од пораз на следните избори.

Од владејачката партија велат дека опозициските партии намерно пласираат различни тези и услови, со што, според нив, се создава конфузија во јавноста.

„СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па потоа се откажа од намерата да го поддржи Изборниот законик, а ДУИ отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, различните образложенија на опозицијата имаат иста цел – да не се донесе нов реформски Изборен законик и да се создаде алиби за, како што велат, „сè поизвесниот пораз“ на опозициските партии на следниот изборен циклус.

„Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека остануваат на ставот да ги прифатат барањата на опозицијата, под услов да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе