Вести Македонија Топ вести

Студенти над 30 години излегуваат од студентските домови – измени во законот за студентски стандард

Студентите постари од 30 години веќе нема да можат да престојуваат во студентските домови, а за насилство, оштетување на инвентар и внесување алкохол или други супстанци ќе следува забрана за сместување од една до пет години. Измените на Законот за студентски стандард се очекува да бидат донесени овој месец. Според министерката за образование Весна Јаневска, тие се воведуваат за да се спречат злоупотреби.

„Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите. Тие наоѓаат начини и ги користат сите услуги за 3.400 денари. Под тоа спаѓа храна, струја, вода, буквално се што им следува на студентите. Тоа го прават со тоа што постојано презапишуваат години и ги користат услугите на студентиските домови“, изјави министерка за образование и наука, Весна Јаневска.

Од иницијативата „Студентарија“ ги поддржуваат измените, но сметаат дека санкциите треба да бидат различни за различни прекршоци. Бараат поголема одговорност и од управите на студентските домови.

„Внесувањето алкохол само по себе не треба да биде толку спорно и строго регулирано. Студентските домови се средини каде студентите освен што живет и учат се социјализираат и дружат. Во секој студентски дом има катчиња за дружење, па дури и барови каде се продава алкохол, но и покрај тоа изминативе години не се случил некаков инцидент. Очекуваме ако се казнуваат студентите, да се казнуваат и институциите кои го нарушуваат студентскиот стандард“, вели Гоше Николов од „Студентарија“.

Од Универзитетското студентско собрание, исто така, сметаат дека редот во студентските домови е неопходен, но предупредуват дека казните треба да бидат пропорционални на прекршокот. Бараат секој случај да се разгледува поединечно и постапката да биде транспарентна.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Ќе се изгаснат ли цигарите во кафулиња и на дел од јавниот простор од 1 август?

Sasko Dimovski

Обвинителството нареди обдукција и испитување на сведоци за да се утврди како почина 14 год. девојче во парк во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе