Вести Македонија Топ вести

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Македонија да не ги заменува, уништува и фалсификува бугарските историски споменици и натписи, е вклучено како барање во нацрт-извештајот на Томас Вајц, за Македонија, откако Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент го усвои со вметнување во текстот на 11 компромисни амандмани, од 403-те поднесени во март.

Амандманот 31а, кој е дел од компромисниот амандман 8, кој се однесува на регионалната соработка и надворшената политка, го признава постоењето на различни толкувања во врска со историските карактеристики на македонското општество и ги повикува сите страни да продолжи работата на историската комисија, но осудува секој обид за замена на историски споменици.

„Го осудува секој обид за замена на историски споменици и/или артефакти, вклучително и уништувањето на автентичното културно наследство; жали за уништувањето и фалсификувањето на бугарските натписи“, стои во последната реченица од амандманот.

Во усвоените амандамни се бара земјата целосно да ги почитува копенхашките критериум и се потсетува дека билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат преку отворен дијалог, вклучувајќи го граѓанското општество и експертите да не се инструментализираат надвор од процесот на пристапување.

„Подвлекува дека јазичните, културните и националните идентитети се вистински темели на секоја земја и не треба да бидат доведени во прашање од трети страни. Забележува дека ваквите прашања не треба да влијаат на процесот на пристапување кон ЕУ“, стои во амнданот 5а.

Во истиот амандман се бара и отфрлање на етнонационалистичката реторика, вклучително и од политичарите, која поттикнува поделби и ги поткопува добрососедските односи, при што ја повикува ЕУ да вложи дополнителни напори за ограничување на таквата реторика и нејзиното влијание.

Комиетот со нацрт-извештајот на Вајц кој го усвои вчера, а кој следно треба да биде усвоен и на пленарна седница на Европскиот парламент, ја нагласува и важноста на спроведувањето на меѓународните договори, со добра намера, како што се, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во амандманот со кој од Македонија се бара како земја-кандидат целосно да ги почитува копенхашките критериуми, се бара и Европската Унија да ги исполнува своите обврски.

„Со оглед на тоа што кредибилитетот на политиката на проширување зависи подеднакво од тоа дали земјите-кандидатки ќе спроведат реформи и од тоа дали Европската Унија ќе ги почитува своите обврски откако ќе бидат исполнети сите услови“, се наведува во амандманот Ц.

Инаку во нацрт-извештајот се забележува недостатокот на напредок од последниот извештај, пред се во делот на реформите на владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, но истовремено поздравувајќи ја обновената политичка посветеност за спроведување реформи на земјата се посочува дека таа ќе се оценува само врз основа на евиденцијата на спроведените реформи.

Павле Беловски

Извештајот на Вајц за Македонија усвоен од АФЕТ со 13 амандмани на текстот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе