Вести Свет Топ вести

Протест на ултрадоксни Евреи во Израел против задолжителна воена служба

Десетици илјади ултраортодоксни Евреи излегоа на протести низ Израел против задолжителното служење војска, блокирајќи патишта, железнички линии и клучни сообраќајници.

Полицијата интервенираше со водени топови и коњаница, а беа пријавени и инциденти, вклучително и напад врз војник. Протестите се одржуваат поради можноста дa се укинат ослободувањата од   воена служба што досега важеше за  ултраортодоксните партии бидејќи израелската војска се соочува со сериозен недостиг на војници поради војната на повеќе фронтови и се стреми да го продолжи времетраењето на задолжителната служба.

Протестите ги парализираа главните патишта, а поради масовните собири во Ерусалим и во пошироката област на Тел Авив, јавниот превоз беше запрен.

Повеќето еврејски мажи во Израел мора да отслужат речиси три години воена служба, по што следат години резервна служба. Две години служба е задолжителна за жените.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе