Десетици илјади ултраортодоксни Евреи излегоа на протести низ Израел против задолжителното служење војска, блокирајќи патишта, железнички линии и клучни сообраќајници.
Полицијата интервенираше со водени топови и коњаница, а беа пријавени и инциденти, вклучително и напад врз војник. Протестите се одржуваат поради можноста дa се укинат ослободувањата од воена служба што досега важеше за ултраортодоксните партии бидејќи израелската војска се соочува со сериозен недостиг на војници поради војната на повеќе фронтови и се стреми да го продолжи времетраењето на задолжителната служба.
Протестите ги парализираа главните патишта, а поради масовните собири во Ерусалим и во пошироката област на Тел Авив, јавниот превоз беше запрен.
Повеќето еврејски мажи во Израел мора да отслужат речиси три години воена служба, по што следат години резервна служба. Две години служба е задолжителна за жените.
