Двајца мажи кои работеле на полиња во близина се полесно повредени во експлозијата на фабриката за огномет Та’Лурдес на Малта, објави independent.com.mt.
Врз нив паднале остатоци од експлозивни направи и тие се однесени во болница. Мажите се на возраст од 67 и 47 години, и двајцата се од заливот Сент Полс.
По силната експлозија следуваа серија помали експлозии кои го потресе подрачјето Магтаб рано денеска. Густ облак од бел и сив чад се изви високо на небото, објавуваат малтешките медиуми.
Експлозијата се слушнала околу 6:25 часот наутро, а жителите од неколку места пријавиле дека нивните домови се треселе од силата на експлозијата. Облачите од чад се видливи од областите околу Наксар и Магтаб.
Инцидентот се случил еден ден по објавувањето на резултатите од општите избори, потсетувајќи на две други смртоносни експлозии што се случиле кратко време по објавувањето на резултатите од изборите.
Independent потсетува дека во март 1992 година, мајка и нејзиното бебе биле убиени кога силна експлозија во продавница за фотографии предизвикала уривање на станбен блок и клуб на Лабуристичката партија Паола. Во март 2008 година, една жена почина кога нејзиниот стан се урна откако нелегално произведени пиротехнички средства експлодираа во соседната гаража. Загина и човек кој ракуваше со огнометите.
