Вести Свет Топ вести

(видео) Двајца повредени во експлозија на фабрика за пиротехника на Малта

Двајца мажи кои работеле на полиња во близина се полесно повредени во експлозијата на фабриката за огномет Та’Лурдес на Малта, објави independent.com.mt.

Врз нив паднале остатоци од експлозивни направи и тие се однесени во болница. Мажите се на возраст од 67 и 47 години, и двајцата се од заливот Сент Полс.

По силната експлозија следуваа серија помали експлозии кои го потресе подрачјето Магтаб рано  денеска. Густ облак од бел и сив чад се изви високо на небото, објавуваат малтешките медиуми.

Експлозијата се слушнала околу 6:25 часот наутро, а жителите од неколку места пријавиле дека нивните домови се треселе од силата на експлозијата. Облачите од чад се видливи од областите околу Наксар и Магтаб.

Инцидентот се случил еден ден по објавувањето на резултатите од општите избори, потсетувајќи на две други смртоносни експлозии што се случиле кратко време по објавувањето на резултатите од изборите.

Independent потсетува дека во март 1992 година, мајка и нејзиното бебе биле убиени кога силна експлозија во продавница за фотографии предизвикала уривање на станбен блок и клуб на Лабуристичката партија Паола. Во март 2008 година, една жена почина кога нејзиниот стан се урна откако нелегално произведени пиротехнички средства експлодираа во соседната гаража. Загина и човек кој ракуваше со огнометите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе