Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потврди уште една лага на Мицкоски

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда. Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже, се вели во соопштениото од опозициската СДСМ.

  • Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени.  После две години власт на Мицкоски нивните лаги се разобличени, потсетува опозицијата.

СДСМ вели дека Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека членството во НАТО е „феноменална работа“ која создава поволна клима за инвестиции.

  • Во меѓувреме, странските директни инвестиции паднаа за над 60 проценти. Економијата стагнира, нема зголемување на минималната плата на 600 евра, инфлацијата е повисока од европскиот просек, а граѓаните секој ден сè потешко врзуваат крај со крај.  Не го вратија името. Не го укинаа Преспанскиот договор. Не обезбедија подобри услови. Не ги исполнија реформите за ЕУ.  Наместо напредок, донесоа застој, изолација и разочарување, соопштуваат од СДСМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе