Вести Македонија Топ вести

Родителите од „Пулс“: Цинично е да слушаме дека луѓето што седат во судница не знаат зошто се таму

Родителите на починатите деца револтирани од тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите на денешното судење  рекоа дека трагедијата во дискотеката во Кочани не може да се нарече несреќа.
Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување. Но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, кога се прифаќаат непополнети пријави, се користат стари согласности, се премолчуваат недостатоци и никој не иницира инспекциски надзор — тогаш тоа не е несреќа. Тогаш тоа е системско замижување“ рече Александар Наумов, татко на Надица Наумова. Тој кажа дека е цинично да се слуша дека луѓето во судницата „не знаеле зошто седат таму“.

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс.  Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во Кафе бар Класик, каде во сите како управител стои Митко Стојанов и се вршени во негово присуство.

Одбраната на Митко Стојанов на почетокот до Судот достави предлог за укинување на мерката притвор и замена со мерки за претпазливост, укажувајќи дека тој повеќе од една година е без работа и приходи и мора да работи за да го враќа хипотекарниот кредит за да не остане без куќа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе