Законот за задолжување стигна во Собрание. Иако по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД, Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра. Односно од КФБ банката, Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Груп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH), Мерил Линч Интернешнл (Мerrill Lynch International).
Планот е средствата да се искористат за буџетски потреби, како и за финансирање на капитални расходи. Рокот за отплата на заемот е седум, со грејс период од три години.
Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10%, односно околу 4,4 %. Државата годишно ќе плаќа надоместок од 12.500 евра на агентот кој бил вклучен во овој заем, како и 1,4 отсто од вкупниот износ на заемот еднократна провизија за заемодавачите.
Во Законот за задолжување стои и дека кредитот ќе се враќа со пари од буџетот. Откако документот ќе го помине собранискиот филтер, треба да се потпише и договорот за заемот.
Претходно, Владата издаде и две еврообврзници во висина од една милијарда евра за враќање на стари долгови кои доспеваат оваа година.
