Останато Спорт

ШК Алкалоид го дели третото место – уште две кола до сонот за медал

Во Драч, Албанија, се одигрува Светското екипно првенство во шах за играчи над 50 години, на
кое ШК Алкалоид ги брани боите на Македонија играјќи во конкуренција на повеќе
репрезентации.

Откако на стартот забележаа три победи и еден пораз од прворангираната селекција на САД,
македонските гладијатори продолжија со триумф против женската репрезентација на Казахстан,
а во тој меч победата од 3 : 1 беше освоена благодарение на поединечните триумфи на Звонко
Станојоски и Габриела Коскоска.

Потоа следуваа два противника кои котираат високо и кои се во игра за медал. Во шестото коло
против репрезентацијата на Италија, која по 7 кола го дели првото место со САД, беше одиграно
2 : 2, со реми на сите четири табли, при што беше пропуштена шанса за победа на мечот кога на
третата табла Драгољуб Јаќимовиќ, иако имаше јасна предност во позицијата, на крајот заврши
со реми.

Во седмото коло екипата на ШК Алкалоид дојде до уште еден нерешен резултат против
репрезентацијата на Унгарија, кога, исто така, сите партии завршија реми.

На овој начин, ШК Алкалоид со 10 бода од 7 кола е на делба на третото место и во денешното 8.
коло во директен дуел со Казахстан ќе се обиде да опстои на врвот од табелата и да остане во
борба за медал во последните две кола. Според стартниот рејтинг, ШК Алкалоид е рангиран како
шести носител, додека, пак, репрезентацијата на Казахстан е трета според овој параметар,
веднаш зад САД и Англија.

На паралелниот турнир за играчи над 65 години се случува вистинска драма – пет репрезентации
го делат првото место со 11 бода, а уште седум се зад нив со по 10 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе