Вести Свет Топ вести

Ливит: Ова е златна шанса Техеран да постигне договор со САД

Дипломатијата е сѐ уште првиот избор на американскиот претседател Доналд Трамп, инсистираше портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит запрашана дали Вашингтон планира и копнена офанзива на Иран, покрај воздушните операции врз Исламската република.

Трамп, но и целата негова администрација, секојдневно продолжуваат да тврдат дека преговори за завршување на војната на Блискиот исток се водат, и покрај тоа што Техеран категорично негира дека такво нешто се случува.

За портпаролката на Белата куќа, тоа е само претстава за тамошната јавност, и на Иран му порача дека има златна шанса да постигне договор со САД.

Ливит беше прашана и како Вашингтон може да биде сигурен дека преговара со луѓе кои се навистина тие што одлучуваат во Иран, ако толку многу од високите претставници на режимот се веќе ликвидирани.

Тоа е дел од процесот кој се одвива, од преговорите. Секако, сѐ што приватно ќе ни го пренесат ќе биде испитано за да имаме гаранции дека тие си стојат зад тоа што го кажуваат, во спротивно,  претседателот веќе ги претстави воените последици ако иранското водство не си стои зад зборот кој ни го даваат приватно, зад сцените, рече Ливит.

Претходно американскиот претседател се закани дека САД ќе ги избришат од лицето на земјата иранските електрични централи, нафтени полиња а можеби и капацитетите за десалинизација на вода, доколку набрзо не постигнат договор со Вашингтон.

На претходната најава од Техеран дека Иранците размислуваат за воведување транзитни такси и систем за одлучување кој може да плови низ Ормускиот теснец, одговори американскиот државен секретар Марко Рубио.

Иранците се закануваат дека ќе воведат постојан систем преку кој тие ќе одлучуваат кој може да плови низ меѓународни води. Тоа никогаш нема да дозволиме да се случи. Патем, светот мора посвети внимание на ова. Тие имаат многу повеќе на линија отколку ние, порача рубио.

И покрај секојдневните јавни настапи на бројни членови на американската администрација каде зборуваат за војната, сѐ уште има многу повеќе прашања отколку одговори за неа. Трамп продолжува да дава контрадикторни пораки, администрацијата да инсистира дека таа ќе трае недели а не месеци, додека светските берзи и цената на нафтата реагираат на секоја информација од Заливот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе