Вести Свет

„Се согласив да разговарам“: Трамп најави можни преговори со новото иранско раководство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека новото раководство на Иран побарало разговори и дека тој се согласил да преговара, само еден ден по нападите во кои беше убиен врховниот лидер Ајатолах Али Хамнеи.

Во изјава за „The Atlantic“, Трамп рекол дека „требало тоа да го направат порано“ и дека дел од иранските преговарачи со кои САД контактирале претходно повеќе не се живи по нападите.

Тој одбил да прецизира кога би се одржале разговорите, но повтори дека очекува внатрешни промени во Иран, посочувајќи на, како што рече, „знаци на славење“ во делови од земјата и меѓу иранската дијаспора во САД.

Истовремено, не дал јасен одговор дали Вашингтон би продолжил со воената кампања доколку дојде до обид за соборување на режимот.

Меѓувреме, американската војска соопшти дека три американски војници загинале, а петмина се тешко ранети – први жртви на САД од почетокот на операцијата.

Трамп изрази уверување дека конфликтот нема значително да влијае врз американската економија и цените на нафтата, додавајќи дека „ќе се види што ќе се случи“, но дека, според него, акцијата била неопходна по децении тензии со Техеран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе