Aвтомобили, контејнери и ѓубре денеска пловеа низ населбата Карпош во Битола, по дефект на водоводната мрежа. На улиците се формираше вистинско езеро, а шлеп служба извлекуваше возило.
Од ЈП „Водовод“ – Битола информираат дека поради хаваријата има прекин на водоснабдувањето кај корисниците од населбата Карпош и дека водата ќе биде пуштена откако ќе заврши санацијата.
Ова е втор поголем дефект на водоводната мрежа во Битола за само два дена. Вчера без вода останаа и жителите на Буковска населба, поради пукната водоводна цевка.
Eмилија Мисирлиевски
Дигитална обработка: T.Д.






