Вести Македонија Топ вести

(ФОТО)Битолската населба Карпош под вода откако пукна водоводна цевка

Aвтомобили, контејнери и ѓубре денеска пловеа низ населбата Карпош во Битола, по дефект на водоводната мрежа. На  улиците се формираше вистинско езеро, а шлеп служба извлекуваше возило.

Од ЈП „Водовод“ – Битола информираат дека поради хаваријата има прекин на водоснабдувањето кај корисниците од населбата Карпош и дека водата ќе биде пуштена откако ќе заврши санацијата.

Ова е втор поголем дефект на водоводната мрежа во Битола за само два дена. Вчера без вода останаа и жителите на Буковска населба, поради пукната водоводна цевка.

Eмилија Мисирлиевски

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Аудио- визуелно предавање за македонската рок музика вечерва во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе