Основна плата плус додатоци до 23.000 денари земаат околу 16.000 граѓани, според податоците за 11-те месеци (заклучно со ноември) во 2025 година, сподели директорката на Управата за јавни работи, Елена Петрова во интервју во „Топ тема“ вечерва на ТВ Телма.
„За платите исплатени во текот на 11 месеци во 2025 година, значи плати, повторно ќе повторам, основната плата со додатоците, до износ од 23.000 денари во просек месечно имаат во просек околу 16.000 лица. Во прагот од 23.000 денари до 45.000 денари, овој опсег е најголем, и тука има околу 365.000 лица, месечно во просек примаат плата во овој праг. Од 45.000 денари до 61.000 денари плата примаат околу 82.000 лица и над 1.000 евра или над 61.000 денари плата примаат околу 56.000 лица“, рече Петрова.
С.Д.
