Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Почна вториот круг на Локалните избори во шестте општини во источниот регион

Почна вториот круг на Локалните избори во шестте општини во источниот регион, во кои се бира меѓу двајца кандидати за градоначалник. Гласачките места се отворени во 7 часот во Пробиштип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани, Виница и Македонска Каменица. Кочани е општината со најголемиот број на гласачи во вториот круг, своето право на глас можат да го искористат 32. 503, а со најмал број на избирачи е Зрновци со вкупно 2.506. Граѓаните гласаат и во општината Чешиново-Облешево на 13 Избирачки места, во 11 населени места.

Во источна Македонија за вториот круг за избор на градончалник во шест општини со право на глас се 76.038 гласачи. Вчера гласаа болните и немоќните, своето право можеа да го искористат 792 болни и изнемоштени лица и тројца во куќен притвор. Во Затворот во Штип вчера на гласање излегле над 50% од осудените лица од 23 општини или од 104 избирачи на списокот гласале 58 затвореници.

Викторија Јованова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе