На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.
Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.
По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.
Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“.

Tодоровски е добитник на бројни награди. Mинатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Во 2023, претседателот Стево Пендаровски го одликуваше со Орден за заслуги за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.
