Девет лица, меѓу кои и две деца, биле хоспитализирани по труење со салмонела откако јаделе во таверна во атинската населба Перистери.
Кај пациентите се појавиле тешки симптоми на гастроентеритис, по што биле пренесени во Државната општа болница во Никеја.

Лекарските анализи потврдиле инфекција со салмонела. Според претседателот на Федерацијата на вработени во јавните болници на Грција, Михалис Јанакос, сите девет пациенти добиле соодветен третман и подоцна биле пуштени на домашно лекување.
Ова е трет регистриран случај на појава на салмонела во Грција во последните неколку дена, по сличните инциденти во Ламија и Касторија, што предизвикува загриженост кај здравствените власти.
