Вести Економија

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар.

Според одлуката на РКЕ, 01 литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар. Дизелот се зголемува на 98,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на 98 денари за литар.

РКЕ ја зголеми и цената на мазутот М-1 НС за 2,726 денари за килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм.

Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се повисоки за 6,229 проценти, на дизелот за 7,442 проценти, на екстра лесното масло за 8,051 процент, а на мазутот за 8,159 проценти.

Во соопштението се наведува дека курсот на денарот во однос на американскиот долар во периодот на пресметка бил понизок за 0,0397 проценти.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе