Вести Свет Топ вести

Судот во Улцињ и одреди 30 дена притвор на Сашка Стојановска која прегази куче во Црна Гора

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ во саботата ѝ одреди притвор до 30 дена на државјанката на Северна Македонија, Сашка Стојановски (43), поради основано сомнение дека еден ден претходно сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“.

Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор поради сомнение дека сторила кривично дело, односно, како што соопшти таа институција, го прегазила и убила кучето на својот сопственик од расата „Шарпланинец“ во близина на булеварот Теута со патничко возило од марката „Мерцедес“.

  • „На 25.07.2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор до 30 дена за осомничената С.С. (43) од Скопјe, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора.

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Имено, осомничената со возило прегазила и убила куче од расата Шарпланинац, а „притворот ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно укажуваат на ризик дека, доколку биде ослободена, осомничената би можела да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката“, информираат од Одделот за односи со јавноста на Основниот суд во Улцињ.

Македонска државјанка е уапсена во петок, 24 јули, попладне, додека се обидувала да избега од Црна Гора.

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парното поскапува до 6 отсто – претседателот на Регулаторна најави можна нова корекција на цената до крајот на годинава

Дејан Дејан

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе