Документарни

НЕДОВЕРБА ВО ОРГАНСКАТА ХРАНА – сабота, 26 јули 2025 – 17:10

Органското земјоделство постепено се механизираше и глобализираше. Меѓународна истрага во срцето на индустријата за органска храна, снимана со скриена камера, која воедно ја нуди и првата детална студија за точниот состав на биопестицидите произведени и продавани од гигантите на агрохемијата.

Зад фантазијата за чистота се крие многу помрачна реалност: агро-индустријата постепено ги напуштила принципите на органското земјоделство и ги применува истите методи како и конвенционалното земјоделство. Кризата во секторот, која трае повеќе од две години, е двојна: „криза на доверба“ – поради бројни скандали со лажно органско производство, откривањето на сомнителни социјални и производствени практики и обиди за корупција на држави; и „криза на производството“, бидејќи тоа веќе не може да ја следи побарувачката, а намалувањето на трошоците за да се задоволат барањата на големите синџири за дистрибуција – кои станаа главен канал за продажба – е далеку од разумното локално земјоделство од неговите почетоци.

Уникатна меѓународна истрага во срцето на органското земјоделство, реализирана и продуцирана од истата екипа која го направи „Хипермаркети: падот на империјата“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВЕТОТ НА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ – сабота, 06 јуни 2026 – 17:20

Дејан Дејан

СИНОТО ЗЛАТО НА АЛПИТЕ: РЕСУРС ПОД ЗАКАНА – недела, 31 мај 2026 – 17:05

Дејан Дејан

МИКРОБИТЕ – НАШИТЕ НЕВИДЛИВИ ХЕРОИ – четврток, 28 мај 2026 – 20:20

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе