Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир Џелили објаснува како се случил инцидентот.
Вели дека вработен од Градски паркинг го бркал иако местата за таксистите се зфатени од диви таканаречени цивилни возила.
Очекувал помош од полицијата, но тие му асистирале на пајакот, го уапсиле, а тој морал да плати и три илјади денари казни.
Видеото како Џелили стои качен на автомобилот додека пајакот го крева неговото возило предизвика големи реакции кога беше објавено од веб порталот 24инфо.