Балкан Вести

Во Албанија уапсен наркобос откако е запленето 700 килограми хероин во пратка со сапуни

„Лидерот на картелот кој се занимавал со трговија со хероин меѓу Иран и Западна Европа е уапсен во меѓународна операција“, соопшти денеска Европол.

Осомничениот, 57 годишен турски државјанин, кој е уапсен во Албанија, е поврзан со запленувањето на 703 килограми хероин во Хамбург, кој бил скриен во контејнерска пратка со сапуни од Иран.

Тој ќе биде екстрадиран во Германија, кадешто ќе се соочи со обвинение за организирање на големо количество увоз на хероин во Западна Европа. Истрагата ја спроведоа германските власти со поддршка на Холандија и Европол.

Европол обезбедува разузнавачка поддршка за оваа истрага од април 2022 година, што резултираше со создавање на Оперативни работни групи (ОТФ) за борба против трговијата со хероин во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за трговија со дете

Kristina Kuzmanovski

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе