Спорт Фудбал

Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“ за 2024 година?

Винисиус Жуниор ќе биде освојувач на „Златната топка“ за 2024 година, објавува „Марка“. Фудбалерот на Реал Мадрид ланската сезона беше клучен играч на тимот во освојувањето на Лигата на шампиони и Ла Лига.

Шпанскиот весник „Марка“, кој редовно е добро информиран за случувањата во Реал Мадрид, тврди дека освојувачот на „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер за 2024 година е Винисиус Жуниор.

Наводно организаторот на наградата „Франс Фудбал“ веќе го информирал Бразилецот дека е добитник на престижното признание. Изминатата сезона крилниот напаѓач во дресот на „кралевите“ имаше 39 настапи во сите конкуренции и постигна 24 голови со 11 асистенции. Винисиус и онака важеше за еден од главните кандидати за наградата крај неговиот тимски колега Џуд Белингам и Родри од Манчестер сити.

Ако Бразилецот навистина ја освои „Златната топка“, Реал Мадрид ќе стане клубот со највеќе добитници на наградата, односно ќе има 13 во историјата и ќе го остави зад себе најлутиот ривал Барселона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе