Вести Избори 2024 Македонија Претседателски избори 2024 Топ вести

Пендаровски: Со никого нема да правам договор за механичко префрлување на гласови, оние кои не излегоа денеска, ги охрабрувам да излезат на 8 мај

Ги охрабрувам граѓаните кои не излегоа во првиот круг да го дадат својот глас било кому, да учествуваат на 8 мај во вториот круг, затоа што знам дека еден добар од нив веруваа дека победникот ќе се решава тогаш, порача Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ, на вечерашната прес-конференција по денешното гласање во првиот круг на претседателски избори.

„Тогаш ќе имаме и парламентарни избори. Очекувам уште поголем одѕив на граѓаните и, се разбира, очекувам една поголема бројка од граѓаните да го препознаат концептот кој го промовирав во изминатиот период и за кој македонската јавност е добро запозната. Значи, демократска и просперитетна држава, дел од евро-атлантските интеграции, рамноправна со сите други и внатре, се разбира, одржување на таа витална оска на која почива македонската безбедност, стабилсност и просперитет – меѓуетничките односи“, изјави Пендаровски.

Пендаровски порача дека нема да прави договор со ниту еден од оние кои не продолжуваат во вториот круг за т.н. механичко префрлување на гласови за вториот круг.

„Тоа е концепт кој е потполно туѓ на моето политичко верување. Никогаш не сум го правел тоа, ниту ќе го правам. Никакви задкулисни договори ниту во 2014 година, ниту во 2019 година, не сум правел такви договори со ниту еден политички лидер, со ниту една политичка партија за механички да преземам од било која етничка заедница, од било која општина или било која социјална група или категорија. Тоа нема да го правам ниту сега. Едноставно, на сите граѓани, независно од нивното етничко потекло, ќе им го презентирам мојот концепт и се надевам дека далеку поголема бројка на граѓани на 8 мај ќе го препозанаат тој концепт како најдобар и како најпродуктивен“, истакна Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе