Останато Спорт

Мартин со рекорден круг до пол-позицијата во Катар

Хорхе Мартин постави нов рекорд на патеката Лусаил и ја освои пол-позицијата за утрешната прва трка во сезоната  за Големата награда на Катар во рамки на Мото ГП шампионатот.

Шпанскиот мотоциклис на Прима Прамак на денешните квалификации имаше најдобро време од 1 минута, 50 секунди и 789 илјадитинки. Во првиот стартен ред друштво на Мартин ќе му прават неговиот сонародник Алеиш Еспаргаро на Априлиjа и Енеа Бастијанини на Дукати.

Бранителот на светската титула Франческо Бањаја ќе стартува како петти, а пред него ќе тргне Бред Биндер. Најдобрите десетмина ги комплетираат Марк Маркез, Фабио ди Џанантонио, потоа дебитантот Педро Акоста, Алекс Маркез и Маверик Вињалес.

Трката за Големата награда на Катар стартува утре со почеток од 18 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе