Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на делегатите на ОН дека главниот форум за одлучување на Советот за безбедност треба да се реформира за да го одразува современиот свет… Според Ердоган неопходен е сеопфатен и инклузивен меѓународен систем повторувајќи ја изјавата на Гутереш дадена неодамна во која истакна дека институциите основани по Втората светска војна не ги одразуваат современите околности… Советот за безбедност на ОН повеќе не е безбедносен чадор, туку област на конфликт за петте големи сили, истакна турскиот претседател.
Нашиот повик за воспоставување меѓународен систем кој ги елиминира глобалните неправди,се справува со економските нееднаквости, произведува мир, безбедност, стабилност и просперитет, кој е ефективен, инклузивен и го опфаќа човештвото, за доброто на целото човештво, добива сè поголема резонанца. се согласуваме со неодамнешната изјава на генералниот секретар г-дин гутереш, дека институциите формирани по втората светска војна не го одразуваат денешниот свет. ова се однесува и на тоа дека светот е поголем од петте најголеми држави. советот за безбедност повеќе не е безбедносен чадор, туку поле за конфликти меѓу петте најголеми сили, рече ердоган .
