Бугарската делегација предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демирџиев заедно со бугарскиот министер за здравство и бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов како и со бугарски граѓани оддадоа почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.
Со нив беа и бугарски граѓани кои по 13 часот беа пропуштени на граничниот премин Деве Баир откако проработе комјутерскиот систем на граничните премини .
Демирџиев изјави дека во понеделник на македонските погранични власти ќе им подари три генератори за струја за да се надминат таквите застои .
Добив инфомрација од министерот дека има дефект во системот за довод на електрична енергија до граничните премини. За да нема такви проблеми во иднина наредив веднаш да бидат подготвени три генератори кои ќе бидат подарени од Министерството а внатрешни работи во понеделник. Тие ќе бидат подарени токму за тие три гранични премини, за во иднина да нема слични проблеми. Но, за жал дознав дека проблемите продолжиле и по обработкатана личните документи, изјави Демирџиев .
Тој изјави дека лично го замолил Џамбаски да не доаѓа во Скопје но смета дека волку засилени полициски мерки како денеска не се потребни.
Такви безбедносни мерки не се неопходни, бидејќи односите меѓу двата народа не го подразбираат тоа. Безбедноста значи дека секој што сака да дојде, може мирно да го почитува споменот на Гоце Делчев. Целта на овие провокации е да не поделат, а немаме причина да бидеме разделени. Бугарија им дозволи на македонските граѓани во Благоевград да понесат цвеќе на спомениците што ги сакаат. Очекуваме реципрочни дејствија, секој Бугарин да може да принесе по едно цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Му предложив на министерот Спасовски заедно да положиме цвеќе, но бев одбиен. Мислам дека ова е вистинскиот начин и апостол како Гоце Делчев заслужува сличен третман. Се надевам дека тоа ќе се случи во иднина, изјави Демирџиев .
