Останато Спорт

Славески со нова победа во БКФЦ: Македонецот повторно во игра за појасот (ВИДЕО)

Македонскиот борец Горјан Славески оствари нова победа во БКФЦ шампионатот, откако утринава по пет рунди го совлада Канаѓанецот Џони Тело со едногласна одлука на судиите.

Славески ја запиша осмата победа во натпреварувањето познато како бокс без ракавици и направи нов чекор кон враќање во битката за шампионскиот појас.

Тело се покажа како исклучително цврст ривал, издржа голем број удари и остана во борбата до самиот крај, но Славески беше подобар во текот на петте рунди. Македонскиот борец најсилниот момент го имаше во последната рунда, кога со одлично лево кроше го испрати противникот во нокдаун и практично ја потврди победата.

Судиите едногласно му ја доделија победата на Славески, кој со овој триумф покажа дека повторно е сериозен кандидат за врвот во велтер категоријата.

Славески во 2023 година беше шампион во БКФЦ откако запиша шест победи во исто толку борби, но потоа го напушти натпреварувањето и остана без појасот. Кам-бекот во БКФЦ го направи во август минатата година, кога го доживеа првиот и засега единствен пораз во кариерата од Џулијан Лејн. По тој неуспех, македонскиот борец врза две победи и повторно се враќа во игра за шампионски предизвик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе