Вести Економија Свет Топ вести

САД ќе воведе царини за 60 земји, меѓу кои е и ЕУ

Воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, ќе воведе аминистрацијата на САД за  како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија.

Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се обидува да ги врати своите вонредни царини, кои беа укинати во февруари од страна на Врховниот суд на САД, пишуваат британските медиуми.

USTR објави дека одлучила да воведе царина од 10 отсто за увоз од Канада, Еквадор, Европската Унија, Индонезија, Мексико, Пакистан, Аргентина, Бангладеш, Камбоџа, Салвадор, Гватемала, Индонезија, Малезија, Тајван и Велика Британија.

Агенцијата објави дека ќе воведе дополнителни царини од 12,5 проценти за преостанатите 45 земји што ги истражува.

Британските медиуми пренесуваат дека објавата на USTR доаѓа во пресрет на 24 јули и истекот на привремената царина од 10 отсто воведена од администрацијата на Трамп на 20 февруари, кога Врховниот суд ја поништи царината на американскиот претседател според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе