Вести Свет Топ вести

Десетици загинати во голем руски воздушен напад врз Украина

Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.

Ова беше ужасна ноќ, една од најлошите што сум ги доживеал. Одлучив оваа вечер да одам во засолништето и тоа беше исправната одлука бидејќи дрон падна недалеку од каде што живеам. Беше многу блиску и многу страшно. Знаевме дека има предупредување од висок ризик и свесни бевме дека нешто лошо ќе се случи, и се случи, изјави Елијас Фаријас, жител на Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека биле погодени десетици станбени згради и четири болници, изразувајќи загриженост дека можеби има луѓе заглавено под рушевините.

Уште еден голем напад врз престолнината, дронови, ракети. Во повеќе области на градот, оштетени згради, станбени делови. Спасувачките служби сега работат на елиминирање на последиците од овој напад врз градот, порача кличко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште минатата недела предупреди дека разузнавачките информации посочуваат дека Русите подготвуваат голем напад врз Украина. Според украинското воздухопловство, во раните утрински часови, руската армија лансирала 650 беспилотни летала и 73 крстосувачки ракети, од кои 642 биле пресретнати и уништени.

Во исто време додека украинската противвоздушна одбрана ја бранеше земјата, армијата изврши напад со беспилотни летала врз нафтена рафинерија во Краснодарската област во Русија.

Од јануари до мај оваа година, нашите војници нападнаа 15 руски нафтени рафинерии. Тоа е значајна. Русија веќе воведе забрана за извоз на авионско гориво и бензин од нејзината територија, а исто така размислува да забрани и извоз на дизел. За земја која до недамна беше сметана за бензинска станица, губењето на ова е голем настан, голема загуба. Во мај, речиси 40 проценти од примарните руски капацитети за рафинирање нафта се неактивни, рече зеленски.

Минатата недела Москва им препорача на странските дипломати да го напуштат Киев, предупредувајќи дека Русија ќе започне постојани и системски напади врз Украина.

Иако украинската противвоздушна одбрана пресретнува повеќе од 90 проценти од руските беспилотни летала, сепак дури половина од руските ракети успеваат да ја пробијат.

Покрај зголемување на меѓународниот притисок врз Русија, минатата недела, Зеленски испрати и писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое предупреди дека украинските залихи на американски пресретнувачи на балистички ракети се пред исцрпување.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе