Вести Македонија Топ вести

Дали Мицкоски го „промовираше“ Крстевски за градоначалник на Карпош

Еден месец откако градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски отвори боледување, и ги префрли сите должности на советник во општината, премиерот денеска му се обраќаше на заменикот и го ословуваше како градоначалник.

Лукровски ги делегираше своите овластувања на Неделчо Крстевски – советник во општината, кој го презеде раководењето со општината. Тој денеска беше на отворање на базен во општина Крапош, а на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

На прашање на новинарите дали ќе се плаќа карта за базенот – Мицкоски одговор побара од Крстевски со зборовите „ќе каже градоначaлникот“, а откако овој рече „Нe“, додаде „еве кажа градоначалникот – нема да се плаќа.

Лукровски беше избран за градоначалник на Карпош на последните локални избори, но по освојувањето на власта ретко се појавуваше во јавноста за на почетокот на мај целосно да се повлече со образложение дека има здравствени проблеми. Од тогаш Крстевски ја води општината.

За да се организираат нови избори, актуелниот градоначалник треба да поднесе оставка во општина Карпош која потоа го известува Министерството за локална самоуправа по што во рок од шест месеци се организираат нови избори во општината.

Сотир Лукровски е на боледување, своите права и обврски како градоначалник ги делегираше на советник во општина Карпош

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе