Седум и пол години казна затвор изрече кумановскиот суд за Вангелица Илијевска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан во Кратово.
Обвинителството претходно изврши преквалификација на делото од „убиство“ во „убиство на миг“.
Илијевска призна вина и изјави дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела. Обвинетата стапила во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца.
Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на децата и често се случувало пред нивните очи. Илијевска останува во домашен притвор до правосилност на делото.
Б.С.
