Вести Македонија Топ вести

Прва „Црешијада“ во Вељуса – организаторите изненадени од големата посетеност

Во струмичкото село Вељуса викендов се одржа манифестацијата „Црешијада“, која собра голем број посетители од цела Македонија. Настанот беше спој на традиција, култура и вкусни производи од цреши, а организаторите велат дека се изненадени од интересот.

„Преполно е, јас сум сериозно многу позитивно изненаден од тоа што луѓето сакаат да ја негуваат и чуваат традицијата. Она кое што со денешната манифестација сакаме да го покажеме е дека во ова струмичко поднебје пред се во околината на Вељуса, отсекогаш во минатото па и денеска имаме преубава цреша најразлични сорти коишто зреат од почетокот на мај до средината на јуни. Не само што имаме цреши, гледате дека имаме и домаќинки кои знаат да подготват производи од цреши како што се слатко, други благи прозиводи, торти итн. Имаме и богата културна манифестација којашто пред се ќе биде исполнета со изведувачи коишто се по потекло од Вељуса, по потекло од струмичкиот регион. Манифестацијата ќе ја тераме локално и мислам дека целиот овој народ којшто е дојден и којшто како река надоаѓа ќе биде задоволен од тоа што денска ќе им го овозможиме да гледаат,“ изјави Кире Михаилов, организатор.

Претседателот на месната заедница Вељуса, Митко Пеев, нагласи дека ова е прва ваква манифестација по многу години.

„За првпат после толку години се одваживме да ја направиме оваа црешијада која се надевам во текот на наредните години помладите генерации ќе ја одржуваат и надгорадуваат. Имаме гости од цела Македонија и се надевам сите ќе бидат задоволни со она што го имаме понудено: слатки, цреши добра забава и дружење“, изјави Митко Пеев, претседател на м.з. Вељуса.

Домаќинките од Вељуса се погрижија за богатата трпеза.

Афродита Михаилова вели: „Денес се одржува Црешијада во Вељуса. Сите домаќинки подготвивме по нешто. Направивме слатко, компоти, чизјкејк од цреша, оваа година очекуваме многу посетители, а за наредната уште повеќе,“ рече Афродита Михаилова.

Со вкусни производи, културна програма и многу гости, Црешијадата во Вељуса се врати како симбол на традицијата и заедништвото во струмичкиот регион.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе