Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Душегрижниците згрешија, буџетот ги надмина очекувањата – касата е добра ќе има и нови мерки

Иако, пред извесно време кажа дека нема доволно простор за маневар и дека државната каса губи милиони, сега премиерот Мицкоски  тврди дека буџетот е во добра кондиција. Консултациите за ребалансот се во тек. Освен за постоечките, се разгледуваат и други мерки против можни ценовни трбуленции, но премиерот не откри за што точно станува збор. Само потврди дека државната каса е во добра состојба, без разлика што до сега е потрошен  најголем процент од планираниот дефицитот за годинава.

Буџетот е во одлична кондиција ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние душегрижници дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност ќе предизвика последици по работењето и тековните трошења од страна на владата, за нив имам лоша вест буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Од мерки, во моментов се делува со пониска акциза од два денари кај бензините, но и кај дизелот, но падна и нов договор со ОКТА за попуст исто така од два денари. Сепак, иако, се уште постојат притисоци врз цените на горивата, се донесе одлука ДДВ то од 10 да се врати на 18 отсто.

Одлучивме за бензинот да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи бидејќи цената во втората половина на мај на дизелот и безоловниот бензин на светските берзи се движеше меѓу 1000 и 1200 долари за барел, додаде Мицкоски

Повторно нагласи дека земјава има најниски цени на горива и дека се уште постои голем притисок од потрошувачите од соседните држави.

Регулаторна денеска ги соопшти и новите цени на горивата. Бензините поскапеа за половина, а дизелот поевтини за 6, 5 денари.

Од друга страна поради новите случувања на релација Иран, САД цената на нафтата повторно се искачи близу 100 долари за барел.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе