Вести Македонија Топ вести

Фетаи ја објави оставката на Фејсбук, а претходната објава му беше фото од Бангкок

-Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна, напиша на албански јазик на својот ФБ профил, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи образложувајќи ја својата оставка.

Последна објава на ФБ профилот на Фетаи беше фотографија од Бангкок, Тајланд која вицепремиерот ја објави во периодот од два и пол месеци кога не доаѓаше на работа во владата и својот кабинет и не учествуваше на владини седници поради несогласување со партнерите од коалицијата ВРЕДИ и начинот на нејзино трансформирање во единствена политичка партија.

-Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со максимална посветеност за да воспоставам цврсти темели врз кои ќе се гради понатаму? Без никакво двоумење, да. Заминувам со крената глава и со чиста совест. Ова е добро осмислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедното и најдостоинственото нешто што треба да се направи, објави Фетаи на ФБ.

Фетаи во писмената оставка која ја објави до премиерот и до колегите министри навел дека заедно реализорале повеќе иницијативи меѓу кои и онаа за унапредување и “зајакнување на меѓуинституционалната координација во политиките за борба против корупцијата”.

Фетаи наведува и дека во негов мандат беше усвоена Националната стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот како и тоа дека активно и конатруктивно учествувал во подготовката на Предлог-Законот за правична и соодветна застапеност кој е во  собраниска фаза и треба да го наследи укинатиот Балансер.

Фетаи преку ФБ порачува дека треба да се продолжи по курсот на борбата против корупцијата, но и да се зајакнат независните надзорни тела и обновата на правосудниот систем.

Фетаи има и двојно државјанство, покрај македонското има и белгиско, но и покрај законското ограничување да се доделува само на лица со единствено македонско државјанство, поради функцијата вицепремиер, автоматски доби безбедносен сертификат за “Државна тајна”.

Во Белгија има и повеќе згради кои се пријавени во неговиот анкетен лист доставен до ДКСК како и приходи од изнајмување и кирии од становите во Брисел.

Последно јавно појавување како вицепремиер му беше средба со членовите на Антикорупциската комисија на почетокот на март. Потоа нема јавни објави за негови функционерски активности до денешната за поднесување оставка.

Миомир Серафиновиќ

Телма дознава: Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка откако два и пол месеци не доаѓаше на работа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе