Вести Свет Топ вести

(Вознемирувачко видео) Холандски полицајци турнаа трудница и ја влечеа на под во Центар за азиланти

Холандската полиција почна проверка на постапувањата на своите службеници, откако на социјалните мрежи се појави снимка од приведување во центар за азиланти во Зејст. На видеото се гледа како полицаец грубо влече трудница по што таа паѓа на земја.

Инцидентот, според холандските медиуми, се случил на 19 мај во објект на Кампвеге во Зејст. Полицијата соопшти дека службениците интервенирале по пријави за закани и оштетување имот пришто, како што се наведува, е спомнат е нож. Уапсен е 30-годишен маж од Зејст кој во меѓувреме е пуштен на слобода.

На видео материјалот, кој предизвика бурни реакции во јавноста, се гледаат повеќе полицајци, полициско куче, маж и жена во ходник. Во еден момент еден од полицајците силно ја повлекува жената која паѓа по што настанува хаотична ситуација во која мажот се обидува да пријде до неа додека полицајците го совладуваат.

На другиот дел од снимката, жената, како што пренесуваат медиумите во Холандија, е влечена за дел од гардеробата или за коса, додека полицајците истовремено го држат мажот на подот.

Холандската полиција наведе дека на смимката која кружи на интернет се прикажува само дел од настанот и оти ќе бидат проверени сите околности, редоследот на постапување и оправданоста на употребата на сила. Полицијата тврди дека службениците делувале во „динамична ситуација“ и дека настојувале да ги заштитат присутните и себе. Истовремено е соопштено дека нема причини за сомневање во автентичноста на снимката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе