Вести Свет Топ вести

„Велт“: САД планираат забрзување на процесот на повлекување на дел од своите војници во Европа

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат процесот на повлекување на своите војници од базите низ Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО во текот на наредниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон.

Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сили околу војната со Иран.

Германија е дом на околу 35.000 активни американски војници, повеќе од било каде на друго место во Европа. Пентагон спомна дека се очекува повлекувањето да биде завршено за шест до 12 месеци.

„Велт ам Зонтаг“ не откри детали за тоа колку брзо треба да биде повлекувањето или кои локации би можеле да бидат зафатени. САД, како што се наведува, треба да ги презентираат плановите на сојузниците на конференцијата на НАТО во јуни, посветена на распоредување на силите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе