Вести Македонија Топ вести

Барањето помош е чин на сила, а не на слабост – отворен Центар за ментално здравје за мажи во Кочани

Мажите и момчињата во Кочани добија простор на доверба, поддршка и солидарност. Центарот за ментално здравје за мажи и момчиња во Кочани е местото од каде што се испраќа силна порака дека грижата за менталното здравје е важна за сите и дека барањето помош е чин на сила, а не на слабост.

„Да создадеме простор во кој ќе можеш да бидеш комотен, каде ќе можеш да разговараш без да има предрасуди. Дополнително мислам дека е важно, ние како НВО, партнерите од другите држави, но и сите професионалци од оваа држава, никогаш да не го заборават Кочани и тоа што му се случи, зашто тоа е најмалку што може да направиме за овој град. Да не дозволиме да биде запишан на страниците на заборавот, туку секојдневно, во рамки на нашите капацитети, да ги потсетуваме луѓето и да работиме на подобрување и изнаоѓање начин оваа колективна траума која ја прежиева Кочани, а преку тоа и цела Македонија и регионот“, изјави Виктор Бучковски, координатор на Центар за мажи и момчиња – Скопје.

Лекарите од Општата болница појаснуваат дека станува збор за Центар, каде мажите и момчињата можат да побараат психолошка поддршка, совет, да разговараат и да имаат помош како да се справат со секојдневните предизвици.

„Живееме во динамично време, а општествените очекувања се мажите да бидат силни, со тоа што често ги потиснуваат своите емоции. Статистички, многу поретко бараат стручна помош за нивното ментално здравје, што многу често подоцна може да доведе до последици“, изјави д-р Дарко Иванов, началник на невропсихијатриско одделение при Општа болница Кочани.

Невладината ХЕРА истражува на оваа тема, а податоците говорат дека индикаторите за ментално здравје кај момчињата покажуваат влошување со возраста.

„На возраст од 13 години, дури 47% од момчињата учествувале во најмалку една и повеќе тепачки во текот на последните 12 месеци. Дополнително, студијата покажува дека 15-годишниците, дури една четвртина од нив или секое четврто момче, пријавило дека има проблеми со спиењето или има лошо расположение“, вели Елизабета Божиноска, програмска директорка на „ХЕРА“.

Во Скопје пред две години е отворен првиот Центар. Досега преку 950 сесии поддршка добиле 135 момчиња.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе